Вечера во доцните часови

29 мај, 20110
eat-healthy-5656

Поголем дел од нас тешко си го замислуваат крајот на работниот ден без вечера. Понекогаш ќе се сетиме колку е доцна за јадење и дека не треба да внесеме голема количина на храна, но негативниот ефект  ќе го сфатиме кога ќе се појават проблеми со спиење, тогаш е јасно дека вечерата нема позитинво влијание на нашето здравје. Всушност, постои одредена храна како конзервирано и димено месо, кечап, чоколадо, алкохол и газирани пијалоци кои го пореметуваат сонот, додека  бананата, топло млеко и житарици можеме слободно да ги наречеме сојузници на добриот сон. Нашиот организам во текот на ноќта има најмала потреба за калории, но и покрај тоа, според голем број на истражувања, дури половина од луѓето 40% од  дневните калории ги внесуваат за време на вечера.

Оваа нездрава навика е широко распространета, а последиците се секако индивидуални. Многу луѓе не внесуваат доволно храна во текот на денот, што предизвикува пад на нивото на шеќер во крвта и нормално го зголемува апетитот во доцните часови.

Шеќерот и заситените масни киселини кои ги внесуваме за време на вечерата доведуваат до зголемување на телесната тежина и до сериозни здравствени проблеми. Затоа ви препорачуваме да внимавајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi