Венеција

25 јули, 20110
Golemiot Kanal

Градот што умира

За Венеција се пишува многу повеќе за разлика од било кој друг град. Во 1364 година, Petrarch го величеше овој град и го сметаше дека “е богат со злато, но многу повеќе богат со слава“. Во 1786 година, Gete сметаше дека овој град не може да се спореди со ниту еден друг, а Tomas Man во 1913 година, го нарече “најневеројатен од сите градови“. Градот лежи на 117 мали острови, а датира од петтиот век. Градот бил основан од страна на група бегалци, кои за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област, а подоцна овде се родила трговската метропола која господарела со морето, а беше осветен со моштите на Свети Марко кои биле донесени од Александрија.

Во петнаесетиот век Венеција имала повеќе од двеста илјади жители, претставувала центар на светската трговија и наголемо пристаниште на цел свет. Градбите станувале се пораскошни и биле украсувани со ориентални детали. Никнувале нови палати, богато украсени од страна на уметници, како што биле: Tintoretto, Veronese, Titian и Giorgione. Венеција е град со 150 канали и 400 мостови. Во тој период го постигнал својот максимум. Падот на Венеција започнал кога Венеција го изгубила Цариград и покрај испратените бродови кои требало да помогнат да се одбрани Цариград од опсадата на Турција.

Исто така, премногу поразително било и кога португалците го откриле морскиот пат за Индија. Од тој момент, суровините започнале да се набавуваат по многу пониски цени, на пример, биберот од Лисабон бил пет пати поевтин за разлика од цената која ја диктирала Венеција. Трговските врски полека почнале да слабеат, моќта и богатството полека почнале да се намалуваат и Венеција станувал град што полека умира.


Сепак, Венеција и денеска го има задржено истиот сјај. Во очите на многу туристи, Венеција претставува споменик кој мора да се види. Особено мора да се види раскошниот и богат Плоштадот Свети Марко долг 175 метри, на кој се наоѓаат Базиликата Свети Марко која е украсена со мозаик, 99 метри високата Камбанарија, Дуждовата палата, а над се огромно внимание привлекува Големиот Каналот, долг четири километри, кој го пресекува градот во форма на буквата S.

Романтичното возење со гондола низ Големиот Канал претставува туристичка атракција. Theodor Fontane, во 1874 година ја посетил Венеција и го опишал како волшебен град, но исто така го опишал и како гнасен град – “Потребна му е месечина на која работите се гледаат некако на половина“. Всушност, кога би се погледнал раскошот на Венеција во минатото и сега, би се заклучуло дека Венеција не само од историски, туку и од материјален аспек е град кој умира. Палатите кои се изградени на песочно и несигурно тло, постепено тонат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit