Вежби за маратонски секс :) Почнете веднаш :)

22 октомври, 20110
Seks-u-krevetu

Сексот е физичка активност која обично не ја оставаме за наредниот понеделник или за почетокот на наредниот месец. Ако сакате да доживеете експлозија од страст ќе ви покажеме неколку вежби со чија помош ќе ја зголемете издржливоста и енергијата како и должината и интензитетот на сексот. Луѓето кои редовно се занимаваат со некоја спортска активност се поздрави и поубави од останатите. За некои добриот изглед е доволна мотивација да почнат да посетуваат теретана.  Но ако вие не сте една од овие луѓе, тогаш можеби ветувањето за подобри перформанси во сексот ќе ви биде пресудна мотивација да започнете и вие да се потите на справите кои ви гарантираат цврсто и многу поиздржливо тело.

Склекови ги зајакнуваат рацете, рамената и стомачните мускули , а ова е особено важно за мажите ако сакаат да бидат подобри љубовници.

Клекнување и станување е многу важна вежба и за двата пола бидејќи прекрасно го обликува долниот дел од телото и ве прави многу поиздржливи.

Кардиоваскуларните вежби како што се аеробик, трчање, пливање и елиптични машини придонесуваат за регулација на циркулацијата, поголемо ниво на ендорфин во мозокот, поголема кондиција и издржливост и се разбира убав изглед на вашето тело.

Кегеловите вежби го опфаќаат карличниот дел од телото што е многу важно кога станува збор за поврзаноста на вежбите и сексот, поради фактот што со помош на овие вежби се зголемува нивото на чувствителност за време на сексот како и интензитетот на контракциите по време на оргазам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi