Мараја Кери конечно ги покажа близначињата! Ни помалку ни повеќе, туку им отвори интеренет стана!!!

22 октомври, 20110
maraja keri

Иако се породи пред шест месеци, Мараја Кери реши да ги покаже своите деца на јавноста дури вчера вечер, на телевизиското шоу 20/20 на Барбара Волтерс. Откако на Мараја и на нејзиниот сопруг Ник Кенон очигледно им се допадна вниманието кое го добија нивните деца, тие решија и да им направат интернет страница www.DemBabies.com.

Малите близначиња Морокан и Монро се појавија на телевизиското деби облечени во свечена облека, Морокан во костум, а Монро во фустанче. Познатата двојка и покажа на јавноста колку е среќна со новата принова, особено заради фактот дека Мараја имаше проблеми во бременоста, но и во периодот пред да забремени.

Познатата пејачка вели дека нејзините деца, кои нагалено ги вика Рок и Роу, и се најголема радост во животот. Мараја имаше проблеми со забременувањето, па мораше да посети специјализирани клиники и да прима терапија за да може да забремени. Нејзините здравствени, но и психички проблеми се појавија по нејзиниот тежок спонтан абортус.

Заинтересираноста на јавноста за малите Рок и Роу е толку голема, што се очекува дека тие набрзо ќе се најдат на листата на најпознати деца во Холивуд, рамо до рамо со децата на Бранџелина, на Том Круз, Гвен Стефани…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *