Поради поројниот дожд и невремето кое ја зафати Ирска и престолнината Даблин, денеска е прогласена вонредна состојба. Прекинат е железничкиот сообраќај, патиштата се затворени, а во куќите и продавниците веќе почнало да влегува вода.
Метеоролошката служба јавила дека за 24 часа наврнало дожд колку за еден месец и дека некои делови од Даблин се целосно поплавени.
Градскиот совет спровел план за вонредни ситуации и исратила тимови за евакуација во најзагрозените места да му се помогне на наслението.
Заминувањето на голем број бродови од даблинското пристаниште се откажани, а авионските летови се пренасочувани на други аеродроми.
httpv://www.youtube.com/watch?v=vzLwz37nLiQ
httpv://www.youtube.com/watch?v=duKkzQVjpPA