Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли го исполни своето ветување дека еден ден ќе дојде на Сараевскиот филмски фестивал. Иако не била најавена како гостин на фестивалот, 36-годишната актерка одлучила да присуствува на затварањето на 17-иот Сараевски филмски фестивал. Џоли зедно со својот партнер Бред Пит пристигнала во Сараево околу 18 часот, известува магазинот Глорија.
Сараевската публиката со невидено одушевување ги поздравиле Анџелина Џоли и Бред Пит, кои на црвениот тепих пред Народниот театар се појавиле околу 20 часот.
Актерката пристигнала во Сараево со цел да ја добие специјална награда. За време на церемонијата во Народниот театар, Анџелина не можела да ги сокрие солзите примајќи ја почесната награда “Срцето на Сараево” доделена од Мирсад Пуриватра, директор СФФ, пишува порталот Sarajevo-x.com..
Анџелина изјавила дека е почестена со наградата и доколку овде не го снимала својот прв филм не би знаела дека во овој регион има толку многу талентирани и дисциплинирани уметници.
Во Сараево, таа била пречекана од Зана Марјановиќ, главната актерка во филмот на Џоли “Земја крв и мед”, која исто така била и член на жирито на фестивалот.
На завршната церемонија пристигнал и хрватскиот претседател Јосиповиќ и Бакир Изетбеговиќ, член на Претседателството на БиХ.