ВИДЕО: Кличко го совлада Хеј, изостана спектакл во рингот

3 јули, 20110
0

Украинскиот боксер Владимир Кличко го победи Британецот Дејвид Хеј со одлука на судиите (117:109, 118:108, 116:110)обединувајќи ги титулите во Имтех Арената пред речиси 55.000 гледачи во Хамбург.

Кличко до ВБА појасот (веќе ги има ИБФ, ИБО и ВБО титулите) дојде на основа на поени, бидејќи во рингот не беше толку доминантен колку што се очекуваше.

Од друга страна, Хеј покажа дека е јак на зборови, бидејќи во многу ситуации во овој дуел избегнуваше средби со Кличко.

Мечот го најавија поранешните шампиони Ленокс Луис и Џорџ Формен, по што речиси десет минути се чекаше Хеј да излезе.

Британецот се обиде да внесе немир кај Кличко, да му ја наруши концентрацијата, тактиката која публиката ја прочита и го пречека со свирежи.

По Хеј кој се појави во син дрес на фудбалската репрезентација на Англија, во рингот влезе и Кличко, следен со песна од групата “Ред Хот Чили Пеперс.”

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=UI9j9E1yTF8

Хеј изненадувачки ја доби првата рунда со отворен град и неколку дополнителни удари.

Втората и третата рунда минаа во одмерување на силите, а Хеј имаше директ.

Во четвртата рунда Хеј неколку пати ескивираше кроше и директ на Кличко кој сеуште не покажуваше знаци на нервоза.

Украинецот конечно покажа кој е во петтата рунда, а Хеј заработи расекотина под окото.

Во шестата и седмата рунда сведоци бевме на особено неинтересен бокс. Хеј добро се движеше, малку повеќе бегаше по рингот, додека Кличко се обидуваше да стори нешто повеќе.

Кличко во осмата и деветата рунда пронајде начин како да зададе кроше удари. Се посериозно напаѓаше, а неговите навивачи се сетија на неговите ветувања дека ќе го испрати на подот Хеј во последните три минути.

Британецот во 11. рунда се најде на подот, па судијата Џенаро Родригез му одбројуваше.

Хеј во 12. рунда играше на се или ништо, потполно се отвори, што резултираше со погодок кон Кличко, по што судиите му дадоа на Украинецот полно време да се прибере.

На крајот со одлука на судиите Украинецот и триумфираше, одлука на која Хеј ја прифати со негодување.

Кличко ја забележа 56. побда во 59. меч во професионалната кариера.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi