ВИДЕО: Куќата во која се криел Осама Бин Ладен

7 мај, 20110
Untitled

На Интернет е објавена нова снимка од внатрешноста на куќата во која со години се криел убиениот Осама Бин Ладен, лидерот на терористичката организација, Ал Каеда.

Автентичноста на снимката е потврдена, а телевизијата “Ал Џезеира“ ја добила од анонимен пакистански известувач. Не е познато после колку време од крајот на операцијата во која беше убиен Бин Ладен е направена снимката, но условите во куќата се далеку од оние за кои известуваа американските медиуми.

Во првичните информации е речено дека најозлогласениот терорист на светот не се криел во пештерите во Авганистан, туку во луксузна вила која вреди милион долари. Снимките покажуваат дека станува збор за скривалиште во вистинска смисла на зборот.

Внатрешноста на куќата е мрачна и испреплетена со ходници. На подот се наоѓаат траги од крв на настраданите во операцијата, а целиот мебел е расфрлан по подот. Ни трага од луксузот за кој се зборуваше.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi