ВИДЕО: Најлоши евровизиски песни во историјата

12 мај, 20110
Eurovision_2009_Eurovision_2009_Hits_016220_
Читателите на интернет страницата “Евровижн тајмс“ гласале за најлошите евровизиски песни во иторијата, а топ 5 листата беше објавена денеска, само на два дена пред започнување на овогодинешното издание на Евровизија.
Пред преслушување на песните ви препорачуваме аспирин при рака за полесно поднесување на болката.
На топ 5 листата, на последно место се најде британската поп-група “Скуш“ што ја претставуваше Велика Британија во 2007 година. Нивниот перформанс на песната “Flying the flag“ вклучуваше авионски седишта и типични секси движења на стјуардеси. “Скуш“ со овој настап завршија на претпоследното, 23-то место со 19 поени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=NBOnDcmckdc&feature=player_embedded

Велика Британија го зазема и 4-то место во најлошите евровизиски песни со настапот на Џош Дубови кој ја испеа песната “That sounds good to me“. Џош не беше доволно добар изведувач да ја натера публиката да го заборави лошиот текст на песната, која во 2010 година заврши на последното место.

httpv://www.youtube.com/watch?v=BLiL-tRxhkE&feature=player_embedded
Зачудувачки или не и бронзениот медал за најлоша песна на Евровизија отиде во рацете на Британците. Во 2003 година тие го испратија поп дуото “Гемини“ кои беа “наградени“ со нула поени. Насловот на “победничката“ песна е “Cry baby“.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Eu5kgSeZHfw&feature=player_embedded
Сребрениот медал на Британија и’ го зема Израел со настапот на квартетот “Пинг понг“ во 2000 година. Нивната песна “Sameach“, во превод значи среќа, освои седум поени и заврши на 22 место, од вкупно 24 земји учеснички на Евровизија таа година.
httpv://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=VtLTNOoDIcg
Првото место на оваа топ 5 листа на најлоши евровизиски песни во историјата го освои Швајцарија и нејзиниот претставник Пиеро со настапот во 2004 година. Читателите на “Евровижн тајмс“ сметаат дека изведбата на песната “Celebrate“ е најлошата до сега забележана изведба на Евровизија. На полуфиналната вечер Пиеро не доби ниту еден поен и не успеа да влезе во финалето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VU56oDF38TQ&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *