Фудбалерот на мексиканскиот национален тим, Омар Арелано, сигурно нема по убаво да го памети пријателскиот натпревар против САД, во средата.
Мексиканецот во игра влегол во 62 минута, и имал доволно време да се подготви за натпреварот, но сепак една многу важна работа заборавил, а тоа е да оди во тоалет. Изгледа Арелано во текот на утакмицата малку го “стиснало” и не можел да воздржи, па решил да се ослободи малку. Тоа било видливо на неговите шорцеви, за негова несреќа и снимено од камерите.