Легендарниот фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ ужива одмарајќи се со своето семејство и пријателите пред новите предизвици кои го чекаат за следната сезона. Легендарниот тренер бил фатен како скока на глава од околното пристаниште, пишува Sportski.net.
Чиро најавил враќање во Кина, но се уште чекал одговор и од Иран, но сепак признал дека Египет најмногу го привлекува.
Додека размислува каде ќе ја продолжи својата кариера, Чиро го поминува релаксирано времето со шегување и подгледнување на убави жени на плажата.
Кога ќе престанам да гледам, тогаш одма ќе умрам. Одморот за мене е најголем замор. Јас кога работам тогаш се одмарам, изјавил 74-годишниот Чиро.