ВИДЕО: Убиен Мула Омар, духовниот лидер на талибанците?

23 мај, 20110
yy
Духовниот водач на талибанците, Мула Омар, денеска бил убиен во Пакистан, објави авганистанската приватна телевизија “Толо“, пренесува Нетпрес.
Според информацијата, тој бил убиен додека се движел од градот Куета кон провинцијата северен Вазиристан. Кусо време по објавување на информацијата, талибанците соопштиле дека тоа не е точно, дека Омар е жив и се наоѓа во Авганистан.
“Информациите за убиство на Амир ул Моеминин (Омар) се неточни. Тој е жив и здрав“, изјавил портпаролот на талибанците, Мухамед Јусуф, за авганистанска исламска новинска агенција.
http://www.youtube.com/watch?v=Jq0WSYOSxVY&feature=player_embedded
Новинската агенција “Ројтерс“, повикувајќи се на изјава на разузнувач, објави дека пакистанските безбедносни служби неможат да ги потврдат информациите дека талибанскиот духовен водач е ликвидиран.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi