Викиликс: Властите во Србија од 2006 знаеле каде е Младиќ

28 мај, 20110
wikiliks-pravda-je-u-tvojim-rukama

Документите објавени на Интернет страницата “Викиликс“ покажуваат дека српските власти од 2006 година знаеле каде се криел најбараниот хашки бегалец, Ратко Младиќ, но не презеле ништо за негово апсење, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Од извештаите, јасно се гледа дека таквата политика ја поддржувал тогашниот премиер Воислав Коштуница, но и дека контактите на соработниците на Младиќ оделе кон државниот врв во Руција.
“Викиликс“ наведува дека Србија дури во 2009 година покажала искрена намера да го фати Младиќ и дека ги презела сите потребни чекори дури таа година.
“Претходно не постоеше волја, но постоеја информации. Сега постои силна волја, но тешко е да се пронајде бегалецот“, рекле американските дипломати за проблемот на српската политика кон Хаг, произлегува од извештаите објавени на “Викиликс“.
Како што наведува “Јутарњи лист“, во извештаите пишува дека во разговор со американските дипломати кон крајот на 2009 година, претседателот на Србија, Борис Тадиќ ја обвинил и партијата на Воислав Коштуница криела информации за тоа каде се наоѓа Ратко Младиќ.
“Јутарњи лист“ пишува дека се откриени информации дека хашкиот затвореник Радован Караџиќ живеел со 450 евра месечно, а дека Ратко Младиќ, од кога исчезнал живеел во Русија. Така, српските власти, наводно барале помош од руските служби, за што, како што открива “Викиликс“ се разговарало во Белград во 2009 година на состанок на државниот врв со американскиот експерт за прашања поврзани со воени злосторства, Стивен Рап.
Американските дипломати, уште претходно праќале извештаи за фаќање на Младиќ и за тоа дека Русија не ги задоволила српските барања за соработка, а како што наведува загрепскиот весник, повикувајќи се на извештаите од “Викиликс“, тоа на Американците им го кажал советникот на српскиот претседател Мики Ракиќ на 25 август во 2009 година, кога се разговарало за службена посета на рускиот претседател во Белград.
Ракиќ рекол дека верува дека карактерот на Младиќ и фактот дека бил воен командант на босанските Срби укажува на тоа дека тој најверојатно се крие во Србија, но многу е веројатно да има поддршка и од страна.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma