Виљас Боаш поднесе оставка во Порто

22 јуни, 20110
andre-villas-boas

Андре Виљас Боаш утрово поднел оставка во Порто и наскоро ќе биде назначен за нов тренер на Челзи. Според португалските медиуми, досегашниот тренер на Порто, Андре Виљас Боаш утрово испратил факс до Порто, во кој тој го известува тимот дека ќе ја плати отштетата од 15 милиони евра за да го напушти клубот. “Виљас Боаш има договор и клаузула од 15 милиони евра. Доколку некој ги исплати тие 15 милиони евра и ако тој сака да си оди, ние не можеме да го задржиме”, претходно изјави претседателот на Порто, Пинта Да Коста. Според извештаите од Португалија, во пораката од Баош не се споменува дека отшетата ќе ја исплати Челзи, но многу наскоро се очекува тој и официјално да биде промовиран во нов тренер на англискиот клуб.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *