Консумирањето на ароматични и вкусни ферментирани овошни сокови може да обезбеди заштита од оштетување на кожата предизвикани од изложеноста на сонце и ултравиолетовите зраци, покажала една нова студија.
Истражувачите од Универзитетот во Барселона и членовите на шпанскиот Национален истражувачки совет откриле дека хемикалиите од овошјето можат да ја ограничат штетата на клетките на кожата.
Деталите од оваа студија објавени биле во локален весник за земјоделство и прехрамбена хемија.
УВ зраците емитирани од сонцето се главни причинители за оштетување на кожата, предвремено стареење, изгореници и во најлош случај рак на кожата.
Неколку предходни истражувања покажаа дека виното може да помогне как превенција за Алцхајмеровата болест, рак на простатата, па дури и да ги заштити забите од кариес.
Последните истражувања пак, се причина плус да испиете уште некоја чаша вино, бидејќи авторите на студијата истакнале дека грозјето содржи доста антиоксиданси, кои помагаат да се заштити кожата од штетните зраци на сонцето.