Виртуелна љубов – предности и недостатоци

popara21 април, 20111min00
online-dating1

Модерниот начин на живот доведе до недостаток на време, фокусирање кон работата и тесен круг на пријателства, па затоа полесно станува да се оди на онлајн сервисите за запознавање, него ли во некое кафуле. Како да го пронајдете партнерот и што е тоа виртуелна љубов?

Во западниот свет интернетот стана еден од главните начини на запознавање идни партнери. Но дали само недостатокот на време е причина за да се избере вируелниот свет на запознавање нови лица и дружење? Еве ѓто велат резултатите од истражувањето на мотиваиските фактори за употребата на интернет за наведените намери.

 

Предности на виртуелната комуникација

Достапност

Ако имате интернет пристап, нашето излегување во виртуелниот свет не зависи од лошото време нитѕ од тоа дали вашите пријатели ќе го прифатат предлогот за излегување. Покрај тоа, разговорите и сервисите за запознавање и чатување се достапно преку цел ден и ноќ.

Незадолжително разговарање

Резултатите покажале дека 40% од жените и 30% од мажите користат виртуелни алатки без намера да другата личност ја сретнат во реалниот свет. Само сакаат да разменат мислење, ставови, новости или едноставно да дискутираат на некоја тема.

Брзина на комуникација

За разлика од комуникацијата “очи во очи“ и постепениот развој со некој кој сте го запознале во живо, интернетот овозможува брза комуникација. Размената на пораките се одвива со неверојатна брзина и нема п отреба да се чека со денови, недели за повторно да се сретнете со интересен соговорник.

Запознавање во живо

Оптимистичен е податокот дека повеќето корисници на онлајн сервиси сакаат, на крајот, сепак да се сретнат со интересниот онлајн соговорник, симпатија или иден брачен другар.

Лесно е да се најдат лица со исти цели и интереси

Во виртуелниот свет зависно од нашите цели и интереси, одбираме со кого ќе разговараме и како ќе се однесуваме.

Висок ниво на разоткривање

За разлика од контактот во живо, откривањето на сопствените приватни аспекти во вортуелниот свет е многу побртзо.

 

Недостатоци на онлајн комуникацијата

Комуникацијата има само вербален аспект

Неможеме да ја видиме ниту чуеме личноста од другата страна. Во контактот во живо многу поголема улога игра невербалната комуникација отколку изборот на зборови. Луѓето во овој случај имаат недостаток на визуелна комуникација со соговорникот, поради кои некои работи се сваќаат на база на нашите очекувања. Поради тоа многу често излегуваат и разочарувања. Исто така, тешко е да се даде одредено значење на напишаните зборови кога тие немаат интонација на глас ниту говор и движење на тело.

Отуѓување од пријателите и семејството

И покрај тоа што вклучува голем број интеракции и контакти, виртуелната комуникација има одреден степен на осаменост. Поради возбудата која ја носи интернетот, лушето многу лесно може да се одалечат од своите блиски.

Ризик од емоционални нестабилни односи

Во виртуелниот свет поголем е ризикот од погрешни проценки, бидејќи комуникацијата е ограничена и дека понекогаш луѓето се претставуваат подобро отколу што вистински се. Покрај тоа, вирутелниот свер може особено да биде примамлив за луѓето кои имаат тешкотии во социјалните односи и ова им доаѓа како супер прибежиште.

 

Мерки на претпазливост

Зачувување на анонимноста: од аспект на еноткривање презиме, број на телефон, адреса и други важни лични податоци.

Барање на фотографија: доколку некој не сака да ви прати фотографија, прекинете ја конверзацијата.

Разговарајте телефонски пред да се одлучите да сретнете некого во живо: тонот, бојата на гласот, акцентот се битни елементи на комуникација кои откриваат некои работи за личноста.

Ако договарате средба, обавезно истата да биде на јавно место во текот на денот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag