
Францускиот дизајнер Raphael Young тврди дека направил чевли кои ќе ги исполнат соништата на секоја жена. Тој дизајнирал чевли кои имаат висока потпетица, а се удобни како да носите балетанки.
За овие чевли тој употребил челични додатоци за потпетиците, латекс гел под кожата како би направил тие да бидат цврсти а воедно и удобни за секојдневна употреба. Raphael е горд на својот изум и веќе го има патентирано. Чевлите се наречени R-Flex. Единстевната маана на овие чевли е цената. За еден пар вакви чевли треба да платите 400 фунти.



