Шпанија со нудистички фитнес центар

27 април, 20110
naked-workouts

Еден фитнес центар во Баскија дојде до примамлив начин како да се избори со рецесијата. Тие почнале да нудат “голо вежбање“, за љубителите на нудизмот. Easy Gym во местото Arrigorriaga е прво од ваков тип во Шпанија. “Со кризата се помалку луѓе доаѓаа да вежбаат“, изјавил сопственикот Merche Laseca за BBC. “Јас самиот не сум нудист, но немам никаков проблем со луѓето кои го сакаат тоа. Но, сепак оваа иницијатива е пред се за пари.“ Фитнес центарот направил прво истражување, пред да го воведат нудизмот на справите. Тие откриле дека веќе два локални базени, нуделе популарни месечни средби за капење во омилен роденденски костум, Секоја година, во близина на Sopelana, има масовно трчање на нудисти по песокот. Постојат најмалку 12 нудистички плажи во баскискиот регион, а многу повеќе низ целиот шпански брег. “Ние секогаш сме заинтересирани за воведување нови активности“, изјавил Maite Vicuna, претседателот на Basque Naturist Association, кој и самиот учестувавше во пробното нудистичко вежбање во фитнес центарот.

Една група луѓе во една спроведена анкета покажале 90% поддршка за да се отвори ваков вид активност каде луѓето ќе може да вежбаат голи. “Вежбањето без облека е сосема природно и многу по удобно“, изјавил Maite Vicuna.

Сепак постојат и скептици кои укажуваат дека вежбањето без облека е непријатно и укажале дека не е за џабе измислена спортската облека. Сепак, сопственикот на фитнес центарот негира дека овој концепт е непрактичен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit