Вистински луѓе – Спајдермени:) куршум нема да не бие!!!

18 август, 20110
83230

Лондон – Холандски научници развиваат човечка кожа отпорна на куршуми!

Научниците коишто работат на создавањето „суперкожа“ користат генетски модифицирано козјо млеко кое има исти протеини како и пајаковата мрежа. Кога таквото млеко ќе се измолзи, од него може да се исткае материјал кој е десет пати поцврст од челик, пишува британскиот таблоид Дејли мејл.

Тој материјал се вкрстува со човечката кожа и може да спречи дури и куршум, пренесува Џалије Есаиди, дел од тимот научници.

Целта на оваа група научници е креатининот од човечката кожа да го заменат со пајакова свила и на тој начин кожата да стане што е можно поотпорна на надворешни влијанија.

Таа потсетува дека пајаковата свила со векови била користена во воените походи и дека дури и освојувачот Џингис Кан своите коњаници ги опремувал со свилени елеци, од причина што стрелата во допир со свилата не се крши, а тоа го олеснува нејзиното вадење од телото на коњот.

„Е сега замислете елек од пајакова мрежа кој е отпорен на куршуми“, вели таа.

„Да продолжиме понатаму. Зошто пак да се мачиме со елеци? Замислете да го замениме кератинот, протеин кој е одговорен за цврстината на човечката кожа, со протеин од пајакова свила. Тоа е возможно кога на човечките гени ќе им се додадат гени од пајак кој создава свила, и на тој начин, последователно се создава човек кој е опторен на куршуми“, дообјаснува таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma