Внесувајте големи количини на вода

popara14 јуни, 20111min00
faucet-running2

Познато е дека водата е составен дел од нашиот организам. За нормлално да функционира организмот , потребно е да внесете околу 2 литри вода дневно.

Количината на вода во организмот ги регулира бубрезите и кожата. Во организмот внесувате вода и по пат на храна и течности. Ако има загуба на вода може да се појави главоболка, губење на концентрацијата, тешкотии во работата, бубрезите, дигестивниот систем и срцето. Губење на 15% од вкупната содржина на вода води до смрт.

Водата има повеќе функции во организмот:
– Спроведување на храната и отпадните производи,
– Учествува во хемиските реакции, служи како растворувач со витамини, минерали и амино киселини,
– Ги штити зглобовите,
– Ублажува шок и стрес на очите, ‘рбетниот мозок и на плацента во текот на бременоста,
– Помага да се регулира телесната температура.

Жедта не е вистински аларм кој јавува кога на организмот му е потребна вода. Жедта се јавува кога телот е веќе дехидрирано. Неопходно е да се пијат мали количини на вода во текот на денот за да се спречи дехидратација. Треба да бидате особено внимателни за време на летото, кога телото е повеќе во движењеи е изложено на повисоки температури, а со тоа и доаѓа до поголема загуба на течност. Погодно да носите шише со вода, така што секогаш ќе ви биде при рака.

Исто така е неопходно да се грижите за децата и нивното внесување на течности. Тие се обично во движење и жедта кај нив не е доволно развиена. Добро е кај нив да се развие навиката на редовно внесување на течности.

Ако вежбате редовно, исто така, да се внимавајте да внесувате доволно течности. Вежбањето ја зголемува потребата за вода. Пијте големи количини на вода после вежбање, но исто така и за време на активностите, за да ви даде сила на телото.

Затоа, неопходно е да бидете свесни за значењето на водата и да ја внесувајте редовно во вашето тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag