Внимателно при изборот на памукчиња за чистење лице!
28 април, 20110

При чистењето на лицето најчесто користиме памукчиња кои се за таа намена. Но, се почесто се јавуваат памукчиња кои предизвикуваат иритација па дури и алергии на кожата.
Затоа е спроведено едно истражување, по кое е увидено дека на пазарот има памукчиња кои во својот состав имаат синтетички влакна. Тие може да предизвикаат оштетување на кожата, иритација, а кај чувствителната кожа и појава на алергија.
Затоа кога купувате, погледнете го составот на пакувањето. Доколку на него не е напишано дека се направени 100% од памук, не ризикувајте да ги купите.