Новата измама која се појави на социјалната мрежа “Фејсбук“ им се заканува на сите корисници, а само во последниве 24 часа на неа “паднале“ дури 600 илјади корисници. Доколку на вашиот “Фејсбук“ профил ви се отвори прозорец во кој некој ваш пријател ќе ви каже дека ви обработил некоја слика во “Фотошоп“, немојте да го следите линкот. Имено ќе ви се отвори апликација која ќе бара од вас лични информации како име, презиме, фотографии и податоци за вашите пријатели. Следниот чекор е интернет страницата на која ќе ви се прикажат слики на луѓе со тела на животни, а додека ги разгледувате, свежо инсталираната апликација “шири зараза“ на сите ваши пријатели.
За колку страшен вирус станува збор, всушност покажуваат и податоците дека 88 илјади луѓе во еден час ја посетиле интернет страницата со животни, а вкупно се заразени околу 600.000 профили.
Извор: Нетпрес