Во авионска несреќа во Аргентина загинале 22 лица

19 мај, 20110
r769805_6540131

Авион на приватната аргентинска компанија “Сол“ се урнал вчеравечер во областа Патагонија на југот на земјата, а ниту еден од 22 патника и членови на екипажот не преживеал, соопштиле аргентинските власти.

“Не успеавме да пронајдеме ниту еден преживеан. Се’ беше изгорено и уништено“, изјавил директорот на болницата во Лос Менукос, Исмаил Але, кој учествувал во спасувачката акција.

Авио – компанијата “Сол“ соопштила дека авионот кој летал на релација Неукен – Комодоро Ривадави, исчезнал од екранот на радарот кога летал над јужните области, а портпаролот на компанијата потврдил дека во несреќата не преживеал никој од 19 патници и трите члена на екипажот.

Еден очевидец изјавил дека видел “запалена топка“ како паѓа над Лос Менукос, слабо населена област на југот на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi