Собарката која го обвинува Штрос-Кан за сексуален напад боледува од СИДА?!

19 мај, 20110
strauss-kahn-riding
Триесет и двегодишната собрака, која го обвини сега веќе бившиот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штрос-Кан, живее во блок згради во кои се сместени исклучиво само лица заболени од СИДА, или пак се ХИВ позитивни, пишува британскиот весник “Телеграф“, пренесува Нетпрес.
Таа во Бронкс, во комплекс кој го стопанисува Обединетиот харлемски центар за Сида, живее со својата петнаесетгодишна ќерка од јануари, годинава. Центарот ги издава становите само на лица кои боледуваат од Сида, или пак се ХИВ позитивни. Но, ниту еден жител од овој комплекс не сакал да разговара со новинари. Адвокатот на собарката раскажал дека таа е вдовица, дека е една обична и едноставна жена, со слабо образование, потоа дека преживува од месец за месец, како и дека не се вратила во станот откако била нападната од Штрос-Кан. Жената се населила во САД пред околу седум години, и наводно воопшто не знаела кој е нејзиниот напаѓач се додека целата работа не била објавена во медиумите.
Собарката, чиј идентитет се држи во тајност, родум е од Гвинеја. Според нејзиното тврдење, Доминик Штрос-Кан во саботата ја затврил во неговата соба во хотелот “Софител“ и се обидел да ја силува и да ја натера на орален секс. Денеска собарката треба да сведочи на суд по што ќе биде одлучено дали има доволно докази за покренување на обвинение против Штрос-Кан. Истражниот судија ја одбил кауцијата која ја понудиле адвокатите на францускиот политичар, а во судот тој ќе се појави утре.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi