Еден автобус се превртел и се запалил на пат во Бугарија при што загинале осум, а 18 биле повредени лица.
Бугарскиот автобус одел од Софија за Бургас, на Црно море, кога се превртел и се запалил на автопат 30 километри од Пловдив.
Шест патници загинале на самото место на настанот, а две починале на пат кон болница.
Полицијата веднаш отворила истрага за таа несреќа, а според првичните претпоставки, возачот на автобусот заспал на воланот.
Извор: Нетпрес