Во Барселона се води сериозна кампања за борба против голотијата. Туристите кои низ градот ќе шетаат со костими за капење ќе платат голема парична казна.
Градските власти во Барселона одлучиле да го ограничат движењето на туристите низ градот облечени во костими за капење. Така облечени ќе може да одат само на плажа.
Сите оние кои нема да ја почитуваат одлуката ќе платат казна од 300 до 500 евра.