Во два бомбашки напади на академијата за паравоени сили на северозападот на Пакистан загинале 69 лица, а неколкумина се повредени, јавува “Блиц“, пренесува Нетпрес.
Нападот се случил во центарот за обука во Шабкадавар во областа Чаршада, на границата со Авганистан, околу 35 километри од Пешавар.
Еден од нападите го извел бомбаш самоубиец на мотор, додека другата бомба била однапред подметната.
Пакистанските талибани ја преземале одговорноста за нападот за да се одмаздат за смртта на Осама бин Ладен.
Нападот се случил кога кадетите од Граничната станица влегувале во автобусите на краток одмор откако ја завршиле обуката. Поголемиот број на жртви се регрути, но загинале и неколку цивили.
Извор: Нетпрес