Американски агенти ги испитуваат вдовиците на Бин Ладен

popara13 мај, 20111min00
166388-osama-bin-laden
Агенти на американската разузнавачка агенција – ЦИА ги испитувале трите вдовици на Осама Бин Ладен, кои од убиството на лидерот на Ал Каеда се во притвор во Пакистан, јавува “Си-Ен-Ен“, пренесува НетПрес.
Повикувајќи се на изјави на пакистански и американски официјални лица, “Си-Ен-Ен“ наведува дека сите три жени биле заедно испитувани и дека имале “отворено непријателски“ став кон американските истражители.
Според неименувано пакистанско официјално лице, најмладата од трите вдовици по потекло од Јемен, 29-годишната Амал Ахмед Абдулфатах, која во нападот била ранета во нога, изјавила дека Бин Ладен со своето семејство живеел во  Аботабад последните пет години.
Сите три жени се пронајдени со 13 деца и внуци на лидерот на Ал Каеда во неговото скривалиште во Аботабад, кога на 2. Мај американските специјалци ја изведоа акцијата во која беше убиен Бин Ладен.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma