“Фамилијата” достојна во поразот, “Сити Парк Бојси” во дует со своите миленици

13 мај, 20110
derbi_rabotnicki_mzt_mkf

КК. МЗТ – КК. РАБОТНИЧКИ  69:82

‘Мајсторката’ меѓу вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички го даде одговорот. Работнички се пласира во финалето, каде со Фени Индустри ќе разигрува за титула кошаркарски шампион на Македонија. Триумфот за тимот од Градски Парк е уште посладок, бидејќи главниот чекор е исчекорен на пеколниот терен во салата “Јане Сандански”.

Надмудрувањето на теренот и борбата за секоја топка на паркетот, беа мајстоски надградувани, со максимална поддршка од трибините од навивачките групи на МЗТ и Работнички, апсолутно без ниту момент пауза. И доминантното присуство на полициските униформи, специјалните сили, редарските и службите за обезбедување си го завршија своето, но моментите по последниот свиреж на сирената докажуваат дека кошаркарата и се околу овој спорт напредува, оди напред. Ако досега на вечните  дерби мечеви главни ликови беа хулиганите, вечерва бевме сведоци на сосема поинаква слика. Кошаркарите на Работнички славеа на пеколниот терен во “Јане Сандански”, се насочија кон своите фанови и заедно со популарните “Сити Парк Бојси” во еден глас запеаа, прославувајќи го пласманот во финалето. Секако, обиколени со доминантно присуство на официјалните органи за редот и мирот, но и тоа некои го квалификуваат како дел од добра организаја на меч од огромно значење.

МЗТ Скопје иако беше на прагот, сепак не усепа “да ја сврти” негативата од 0-2 во победи во полза на Работнички и да биде првиот македонски тим на кој тоа му успеало кога станува збор за играње кошарка, и натпреварите од плеј-офот, но кошаркарите на “металците”, сепак, мораат да бидат горди на својата публика.

Популарната “Фамилија” на вистински начин покажа како се сака клубот, како се почитуваат играчите, едноставно дека дишат со МЗТ и во тешките моменти и во моментите кога сезоната нивните миленици предвреме ја завршија. Не заминувајќи си ниту еден фан на МЗТ од салата, во полн глас, “Фамилијата” половина час по мечот им даваше психичка поткрепа на своите љубимци, заеднички завршувајќи ја сезоната која не им донесе титула, ни во Купот, ни во првенството. Играчите не можеа да издржат, солзите беа посилни од нив, а и од неутралните гледачи при напуштање на салата можеше да се слушне: “атмосфера која е вистинско задоволство да се доживее”.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *