Во Египет започна ископување на 4500 години стар брод

popara25 јуни, 20111min00
egipetbrod

Археолозите  започнале со икопувањето на 4500 години стариот брод, пронајден во близина на Кеопсовите пирамиди во Гиза, изјавил египетскиот министер за антиквитети, Захи Хавас.

Се работи за еден од два брода кои биле закопани пред Кеопс, кои според верските обичаи, требале да го одведат во задгробниот живот.

Сакуџи Кошимура професорот од јапонскиот универзитет Васеда и предводник на овој проект заедно со египетскиот совет за антиквитети, рекол дека архолозите на другиот брод  го откриле името на Кеопс напишано на самиот брод. Кеопс ја има основано четвртата египетска династија околу 2680 години п.н.е и владеел со Египет 23 години.

Бродовите првично се пронајдени во 1954 година и се сметале за едни од позначајните откритија во Гиза, по својата старост, величина и сочуваност. Првиот брод е долг 43 метри, а другиот кој е сличен на него е помал. И двата брода се направени од либански кедар и египетски дрвја.

Експертите веќе изјавиле дека тоа се најстарите бродови кои се пронајдени  од античкиот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag