Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 30 лица

25 јуни, 20110
afghanistan-explosion-2009-12-15-1-14-33

Триесет лица загинаа во експлозија на бомба која била активирана од бомбаш самоубиец во автомобил поставен пред болницата во дистриктот Азра во провинцијата Логар, јужно од Кабул.

“Напаѓачот самоубиец усмрти 30 лица и повреди 45. Повредените се пациенти, посетители и семејства, како и персонал на болницата“, соопштил Дин Мохамед Дарвиш, портпарол на провинцијата Логар.

Тој изјавил дека метата на нападот не им била јасна, но јасно било дека болницата била нападната и дека имало убиени цивили.

Претседателот на провинцискиот совет на Логар, Абдул Вали Вакели изјавил дека властите ги контактирале меѓународните сили и побарале помош за евакуација на повредените.

Терористите во Авганистан често ја напаѓаат авганистанската полиција и други државни службеници, како и припадниците на меѓународните безбедносни сили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *