Во Европскиот парламент заврши расправата за Македонија

7 април, 20110
DIGITAL CAMERA

На вчерашната расправа на Европскиот парламент во Стразбур за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија, најголемиот број од европратениците изразија жалење што Македонија се уште нема започнато преговори за членство во ЕУ и покрај препораките што ги даде Европскиот парламент и Европската Комисија.
Еврокомесарот Штефан Филе и унгарската министерка Енико Ѓори во името на унгарското претседателство најпрво го оценија извештајот како урамнотежен, нивните пораки беа слични, односно дека Македонија постигнала значаен напредок во многу области, но треба и понатаму да работи на реформите во политичкиот дијалог, правосудниот систем, слободата на медиумите. Филе во таа прилика нагласи дека Македонија во моментов се наоѓа на вистинска раскрсница и посочи дека Комисијата е подготвена да и помогне на Македонија во изнаоѓање на решение.

Главната причина за незапочнувањето на преговорите е блокадата од Грција поради нерешениот спор со името. Унгарската министерка изрази надеж дека по пресудата на Судот од Хаг до крајот на годинава ќе биде постигнат напредок за изаноѓање на решение за името и со тоа деблокирање на процесот за почеток на преговори.
Времениот известувач Кристина Вигенин ја повика идната македонска влада, со сета легитимност од престојните предвремени парламентарни избори, да се зафати со решавањето на името и реформите за членство во ЕУ.
Во тој контекст, речиси сите грчки европратеници кои зедоа учество во расправата останаа на иста позиција, нема да има преговори се додека нема решение за името.

Вината за неизнаоѓање на решение, тие ја префрлија врза македонската страна, а на забелешките на повеќе други нивни колеги дека Грција може да ја блокира Македонија во процесот на зачленување и подоцна, грчките европарламентарци како Јоргос Кумуцакос сметаат дека тоа “само ќе го охрабри Скопје“ да не попушта по прашањето за името.
Од Стразбур вчера јасно беше испратена порака од страна на Европскиот парламент, Европската комисија и Европскиот совет од потребата за одржување на регуларни, транспарентни и слободни избори во Македонија во согласност со меѓународните норми, како и за поголема одговорност на сите политички партии, кои во регионот имаат тенденција кога се во опозиција да ја бојкотираат работата на парламентот.
Дел од овие препораки усно ќе ги пренесат претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот Штефан Филе при нивната посета на Охрид.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi