Во Гватемала, откриен гробот на основачот на една од династиите на Маите

popara5 јуни, 20111min00
pyramids_of_Tikal

Длабокиот ров кој бил ископан од разбојниц, ги доведе археолозите до неверојатно откритие под пирамидата El Diablo во малиот скромен град на Маите, El Soc во Гватемала  – гробница на еден основач на културата на Маите.

Според пишаните медиуми кои ја објавиле веста, откритието во Гватемала е едно од најбитните археолошки откритија минатата година и показател за создавањето династии кај Маите.

Археолозите пронашле, на само 10 метри од местото каде разбојниците престанале да копаат, бизарно скривалиште со садови во кои се наоѓале исечени прсти, заби и делумно кремирано тело на дете.

Овие наоди се пронајдени веднаш до просторијата за која се претпоставуа дека била гробница на Маите, од раниот каласичен период во која се наоѓаат и остатоците од еден крал облечен во ритуална гардероба, со појас украсен со школки и заби од животни.

Кралот бил погребан заедно со скелети на четри деца, черепи на уште две деца. Ткаенини, резби и разни видови на керамички садови.

Гробницата се наоѓа во комплексот на палатата, високо над централниот дел на древниот град, веднаш до спектакуларните пирамиди. Маите биле многу развиена цивилизација во централна Америка, која исчезнала со доаѓањето на Шпанците во 16 век. Зад себе имаат оставено писмо, пирамиди, развиени градови-држави, како и напреден математички и астрономски систем.

Маите и нивниот календар, кој всушност не е нивни изум, туку е наследен од други мезоамерикански цивилизации, неодамна повторно се врати во јавноста и во центарот на вниманието, кога експертите утврдија дека разликите во сметањето на времето измеѓу денешниот и мајанскиот календар, може да биде и до 100 години и дека светот нема да исчезне на 21 декември 2012 година, како што сметале древните Маи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma