Во Кина забрана за песните на Гага! Па што ќе им се вакви чудесии?!;)

28 август, 20110
Lady+Gaga+Lady+Gaga+MTV

Кина чувствува закана од музиката на Лејди Гага, Кети Пери, Бекстрит Бојс и некои  други поп пејачи. Последователно, министерот за култура на Кина им го забранил симнувањето на некои од песните на овие пејачи на сите музички кинески сајтови. Според него, овие песни никогаш не биле доставени на задолжителен „скрининг“ спроведен од кинеската влада.

На црвената листа се наоѓаат околу 100 песни, меѓу кои и „Last Friday Night“ на Кети Пери и „I Want It That Way“ на Бекстрит Бојс. На листата има дури 6 песни од Лејди Гага, од нејзиниот последен албум „Born This Way“. Сепак, на листата не се најдоа само песни од Западот, туку и неколку од Хонг Конг и Тајван.

Главната цел на министерството е да се зачува безбедноста на кинеската национална култура. На интернет страниците им е даден рок од две недели да ги отстранат назначените песни или ќе добијат казна.

Всушност, кинеската влада од секогаш набљудува сèшто влегува во земјата од забавен карактер, а особено парчиња со политичка позадина. На ова му се даде особено значење после 2008 година, кога исландската пејачка Бјорк извика Тибет! на концертот во Шангај откако ја испеа својата песна наречена „Declare Independence“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma