Пукна “скроз”, тиквата помеѓу Србите и Хрватите!! И онака глумеа братство единство:))

28 август, 20110
ab5a0b9a5b36425b74294d422ecce5e4_700x550

Хрватската премиерка Јадранка Косор денес ја коментирала реакцијата на српскиот претседател Борис Тадиќ за нејзината посета на Косово, и смета дека тука не се работи за дипломатска војна, но на српскиот претседател му испратила голем број на критики.

Таа изјавила за новинарите во Корчула дека Хрватска е посветена на негувањето на добрососедските односи, но хрватската влада никогаш нема да прифати мешање во нивните внатрешните работи.

“Ние имаме право да работиме на проекти за кои мислиме дека се важни за нашата држава, и да потсетиме дека Хрватска го призна Косово, и доколку ние имаме интерес за понатамошно зајакнување на економската соработка со Косово, ние тоа ќе го направиме”,изјавила Косор, за хрватските медиуми.

Коментирајќи ги последните изјави на Тадиќ, бидејќи го посетила Косово, Косор изјавила дека е интересно за нејзиното не демократско однесување зборува лице кое минатата година барало да се забрани прославата на Oluja”, која за граѓаните на Хрватска е со посебна важност.”

Косор додала дека “Тадиќ, не гледал ништо лошо во неговиот министер кој положил венец на гробот на Слободан Милошевиќ, човекот кој бил одговорен за Сребреница, за нападите врз Хрватска и Босна и за други кривични дела.”

Според нејзините зборови, Хрватска со акцијата “Oluja” помогнала да се отворат демократските процеси во Србија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma