Во љубовта и Парите се отепувачка! :)

21 октомври, 20110
2683382954ea00f7301236207369549_orig

Ако парите ги сметате како најважен елемент во вашите животни планови, можеби ќе имате проблем да одржите стабилна врска, покажало едно неодамнешно истражување.

Во студијата биле опфатени 1734 брачни двојки кои за себе верувале дека не ги сакаат толку многу парите, откриено е дека тие успеале да изградат многу поуспешна врска и да ја одржат семејната заедница.

Антиматеријалистите имале 10 до 15 % подобар квалитет на живот, отколку оние на кои парите им се исклучително битни. Материјалистите почесто се расправале за финансии, иако во просек имале повеќе пари од закоравените романтичари.

Ако и самите некогаш се фатите како се карате со партнерот поради куќниот буџет, постојат неколку техники кои ќе ви помогнат да не се нервирате за проблемот наречен „пари“.

Вушност, најпрво ќе треба да го негувате чувството  на благодарност, како кон материјалните, така и кон нематеријалните работи кои ве опкружуваат. Благодарноста е во директна врска со благосостојбата, а кога конечно ќе го почувствувате тоа подобро ќе се поврзетесо семејството, пријателите и целата заедница.

Исто така, со партнерот треба заедно да се вклучите во некои хуманитарни активности, или пак некое непрофитабилно хоби, па ќе се уверите дека животот секако е убав без разлика дали со повеќе или помалку пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi