Во Москва живеат 79 милијардери, што е повеќе отколку во било кој друг град во светот, па со право може да се каже дека руската престолнина е главниот град на најбогатите луѓе во светот.
Во својот годишен извештај за најбогатите луѓе на светот, магазинот “Форбс“ објавил дека Русија има 39 милијардери повеќе во однос на минатата година. Сега, Русија брои 101 милијардер, а минатата година биле 62. Најбогатиот Русин е металуршкиот магнат Владимир Лисин, чие богатство се проценува на 24 милијарди долари. Тој, воедно се наоѓа на 14. место на најбогатите луѓе во светот.
Инаку, веќе 15 Руси се наоѓаат на листата на 100 најбогати луѓе во светот. Првото место на листата на најбогати луѓе во светот, втора година по ред, го држи мексиканецот Карлос Слим со 74 милијарди долари, кој се збогатил со бизниси во телекомуникациите, а на второто место е основачот на “Мајкрософт“, Бил Гејтс со 56 милијарди долари.
Извор: Нетпрес