Кортни Мичел(41) и Сара Велтон(48), се венчаа по хинду традицијата во Катманду, во присуство на блиски пријатели и борци за правата на хомосексуалците.
Мичел на церемонијата носеше панталони, јакна и капа,а Сара на себе имаше црвен фустан и вел преку лицето. Хинду свештеник ја одржа церемонијата,а парот положил цвеќе, овошје и пари во оган како дар на боговите. Младите една на друга си ставиле цветен венец околу вратот, а Мичел ставила светло црвена пудра на лицето на Сара, што е еднакво на свечениот момент на ставање бурма.
“Мојата венчавка од соништата се оствари.Ова беше прекрасна церемонија”, изјавила Сара. “Многу сме возбудени поради напредокот на Неапол во смисла на правата на хомосексуалците и навистина сакав да им ја понудам мојата подршка”, изјавила Мичел.
Член на парламентот во Неапол, активиста за правата на хомосексуалците, изјавил дека ова е првата венчавка на лезбејска двојка во многу конзервативна нација. Геј браковите во Неапол не беа легализирани до неодамна кога Врховниот суд и наредил на владата нивна легализација. Тоа е голем успех за правата на хомосексуалците во Неапол.