Во торнадото што во неделата го уништи градот Џоплин во сојузната американска држава Мисури исчезнале 232 лица, соопштиле тамошните власти.
Четири дена по торнадото, идентификувано е само едно од 125-те тела извадени од урнатините.
Кога станува збор за 232 исчезнати “не сме сигурни дека сите се мртви“, рекла директорката на одделението за јавна безбедност на државата Мисури, Андреа Спилерс. Таа рекла дека тој број ќе се менува со пристигнувањето на нови пријави за исчезнати или со идентификување на други тела.
Во Џоплин загинаа 125 луѓе, а во другите земји од централна Америка што се најдоа на удар на торнадата, животот го загубија 15 лица. Девет лица загинаа во Оклахома, четири во Арканзас и две во Канзас.
Во најкрвавото торнадо во САД, во последните 64 години, повредени се повеќе од 900 лица.
Извор: Нетпрес