Во тренд се шарени и слоевити комбинации

7 ноември, 20110
moda1

За да бидете во тренд оваа сезона, изберете комбинации на модели, дезени, бои и материјали со етно и модерни мотиви.

Секоја девојка си има посебен стил и вкус за гардероба. Пронајдете се себеси во комбинирањето на секаков вид на материјали и дезени и создадете уникатни слоевити варијации на облека по кои ќе бидете препознатливи.

Направете комбинација од вашата омилена маица, кошула, џемпер, хулахопки, здолниште и капут, а не заборавајте и каиш и добар впечатлив накит. Не се плашете да направите некои необични комбинации, затоа што во оваа сезона нема забранет стајлинг.

Изградете интересен и импресивен стил со доза на екстравагантност, со комбинирање на материјали, бои и дезени кои навидум се некомпатибилни. Всушност, во новите креации на познатите дизајнери ќе најдете голем број на оригинални комбинации со неколку измешани стилови. Искажете се себеси преку модата, оваа сезона е дозволено се!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş