Археолозите на плоштадот Петар Зораниќ во Задар пронашле саркофаг со натпис од 9 век во кој се откриени коските од задарскиот свештеник Гргур, роднина на светиот Донат. Во гробницата која е откриена во текот на работењето на плоштадот, пронајдени се коски уште на три лица, за кои археолозите ќе објават повеќе информации по ДНК анализите, објави хрватскиот Index.