Вол Стрит се подготвува за банкрот на САД! Дали ќе се случи распад на економијата во светот?

27 јули, 20110
volstrit

Американските банки почнаа да прават планови во случај ако дојде до банкрот на најголемата светска економија, поради неможноста да ги враќа долговите или пак САД да го изгубат високиот кредитен рејтинг ААА, изјавиле банкарски извори и аналитичари.

На Вол Стрит, се уште владее мислењето дека политичарите во Вашингтон сепак ќе успеат во последна минута да постигнат договор за зголемување на лимитот за долгот, а со тоа да се спречи банкрот, како што предупредил претседателот Барак Обама и предвидел економска “апокалипса“.

“Банка на Америка“, “Велс Фарго“ и “Ситигруп“, потврдиле дека прават планови како да се минимизира штетата од можниот банкрот на владата или смалување на рејтингот, но не изнеле детали за своите стратегии.

Обама изјавил дека Конгресот мора да ја зголеми владината граница за долг, која сега изнесува 14,29 милијарди долари, до 2 август, за да се спречи банкрот, но демократите и републиканците останаа остро поделени околу мислењата за оваа стратегија, за зголемување на данокот, а смалување на буџетските трошоци.

Весникот Вол Стрит журнал, минатата недела објавил дека големите американски банки трошат стотици часови во подготовка на планови во случај да се оствари најлошото сценарио.

Сепак, американските банки се во толкава мера изложени на владиниот долг или зависни од него, што малку можат да направат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi