Само неколку месеци откако овој актер ја совлада тешката болест, рак на грлото, се појавија фотографии на насловната на магазинот “Стар“ од Мајкл Даглас како држи цигара во рака.
Кратко откако се излечи и му се врати здравата боја на лицето, многумина се загрижени по објавувањето на овие фотографии, а Мајкл многу брзо се врати на старите лоши навики.
На актерот во 2010 година му беше дијагностициран рак на грло, и откако имаше среќа и му се подобри здравствената состојба, пушењето цигари и не му е баш најдобра одлука.
Во август 2010 година, Мајкл беше гостин во шоуто на Летерман и призна дека пиел у пушел, а тие две работи често се поврзуваат со рак на грлото. Актерот само еден месец по ова гостување изјави дека верува дека се разболел од стрес.
Иако неговото здравје се подобри, лекарите му советуваа повеќе да се грижи за себе и да не се врача на старите навики кои можат да влијаат негативно.