Whitney Houston ќе оди повторно на рехабилитација, со цел да се излечи од зависноста од дрога и алкохол, изјави нејизната гласноговорничка Kristen Foster. Таа во клиниката за рехабилитација се пријавила самоволно. 47 годишната пејачка веќе долги години се бори со зависноста, а во 2009 година кога го објави албумот тврдеше дека е “чиста”. Минатата година таа имаше неколку настапи, по кои доживеа многу негативни критики за нејзините вокални способности и ги разочара своите фанови. Тоа било пресудно таа да се реши на овој чекор.
Таа не е лош пример само на јавноста, туку и на своето семејство. Нејзината ќерка на 17 години беше фатена со голема количина на кокаин.