Познатиот пејач бил застрелан во раката, додека бил во својата родна земја за подршка на политичката кампања на неговиот колега Michel Martelly. Престрелката се случила во главниот град Порт о Пренс, во саботата ноќта. Бил веднаш однесен во болница и набргу пуштен. Членот на познатата хип хоп група “The Fugees“, кој е роден во Хаити и кој самиот сакаше да се кандидира за претседател на оваа земја, сега бил дојден во улога на подржувач на претседателската кампања на негов колега.