Откако два пати по ред имала спонтан абортус, Дона Кели (29) од Англија одлучила да го послуша радикалниот совет од докторите, бидејќи во петтиот месец од бременоста ја предупредиле дека повторно постои ризик да го загуби бебето, па затоа решила десет недели да лежи во болничкиот кревет наопчаки.
Лекарите со помош на ултра звук констатирале дека плодот се наоѓа многу ниско, па затоа и предложиле на Дона да лежи во креветот под агол од 45 степени со нозете кренати. Сепак, ова и помогнало Дона родила здраво девојче кое го крстила Амелија.
„Бев изненадена кога ми рекоа дека треба да лежам десет недели со главата надоле, но бев подготвена да направам се што е потребно“, изјавила Дона.
Амелија била родена со царски рез, шест недели пред предвидениот датум и две недели поминала во инкубатор на интензивна нега.