За диетите

popara17 мај, 20111min00
anemija

Доаѓа пролетта, а со тоа и се поинтензивните напори на луѓето да се ослободат од вишокот килограми наталожени преку зимата. Пролетта и летото заедно со лесната облека која открива многу повеќе од зимските капути и панталони, недоминливо го вртат интересот кон најпопуларните, но не и најефикасните начини за регулирање на телесната тежина – диетите.

Зборот – диета, потекнува од грчкиот збор – диатас, што значи лекување или начин на живот. Затоа, поистоветувањето на диетата со внесување на малку храна или храна која „не дебелее„ храна „за слабеење„ и сл. е сосема погрешно. Па сепак, луѓето постојано се во трка по препишани диети со звучни имиња и диети кои ги држат славни музички или филмски ѕвезди и кои „даваат фантастични резултати„.Но, во праксата овие диети не ги даваат очекуваните ефекти.

Една од причините е затоа што луѓето кои препишуваат диети од пријателки, интернет и сл., вообичаено немаат јасна цел што сакаат да постигнат со диетата и немаат никакви гаранции од страна на авторот (ако воопшто знаат кој е нејзиниот автор) дека таа диета ги дава саканите ефекти. Друга причина е што освен видот на храната која треба да се внесе со диетата и количеството, заедно со препишаната диета не следуваат и дополнителните инструкции, како на пример времетраењето, интензитетот и физичката активност која е препорачана со диетата, времетраењето на спиењето, дополнителни препарати во исхраната, козметичките средства и третмани, за која возрасна група е препорачлива итн. Само заради потсетување, ниту една од светските ѕвезди не го прави преубавото тело само со диета, туку со цел тим на експерти кои го диктираат нејзиниот/неговиот стил на живот.

Но, да се вратиме кај нас. Кои се најчестите диети кои со децении безуспешно се практикуваат кај нас?

Тоа се генерално три типа на диети – диети без месо (заради предрасудата дека месото дебелее и дека храната од растително потекло е поздрава), диети само со месо (поради предрасудите дека лебот, тестенините и сл. се одговорни за дебелеењето) и диети со многу малку храна или многу мал калориски внес.
Во последно време се многу популарни таканаречените “диети за детоксикација„ кои при одредени здравствени состојби можат да бидат многу корисни, но само ако се препишани од лекар-нутриционист, при што е потребно корисникот да биде под редовен лекарски надзор.

Повеќето од овие диети се вегетаријански, т.е. не содржат месо и производи од животинско потекло. Некои од нив го исклучуваат внесот на храна (гладување) се до пладневните часови или пак во одредени денови бараат внес на само еден вид храна (на пр. само јаболка, само сок од портокал, само вода….). Какви токсини има во организмот и од кои од нив се ослободува, корисникот на диетите за „детоксикација„ – најчесто нема поим.

Иако некои од овие диети се покажуваат како корисни во некои екстремно тешки здравствени состојби, професионалците секаде во светот, акцентот го ставаат на таканаречените избалансирани диети кои препорачуваат соодветен внес на јагленохидрати, масти и протеини и коишто се така дизајнирани што можат да ги задоволат нутритивните потреби на организмот, истовремено подобрувајќи го здравјето, изгледот и општото расположение на оној кој ги практикува.

Извор: статија.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma