За една откриена инофрмација во Викиликс, 20 милиони долари казна

23 мај, 20110
wikileaksmexico
Дваесет милиони долари е отшетата која вработените во Викиликс ќе мора да ја платат доколку се осмелат да откријат информации за нивната работа и директорите.
Џулијан Асанж, основачот на Викиликс бара тие да потпишат договор за доверливост кој ги обврзува да ја чуваат во строга тајност не само содржината на примените материјали, туку и каква било вредна информација поврзана со работата на Викиликс и директорите.
Судејќи според копијата која “протече” во јавноста, во договорот доверливите документи до кои доаѓа сајтот се опишани како “сопственост на Викиликс” а сумата од 20 милиони долари како “типична цена на вредноста на една информација”.
Таму е напомането дека секое протекување ја уништува можноста на Викиликс да ја продаде информацијата на други објавувачи. Иако нема докази дека организацијата им наплаќа на медиумите за објавување податоци кои тие им ги доставиле, Асанж ги продаде правата за мемоари за повеќе од 1 милион долари.
Новинарот Џејмс Бол, кој пред да дојде во Гардијан работел за Викиликс, вели дека фондот за судскиот процес против Асанж сега се рекламира како “Фондот за легалната одбрана на Викиликс”.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma