Челзи и Анчелоти ја раскинаа соработката

popara23 мај, 20111min00
carlo-ancelotti

Управата на Челзи објави дека ја раскинала соработката со Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег за две години на клупата на лондонскиот прволигаш го водеше тимот до двојна круна во дебитантската сезона, но оваа сезона заврши без трофеј што е главна причина за разделбата.

Управата на клубот излезе во јавноста со соопштение само неколку часа по поразот на Челзи од Евертон во последното коло од Премиер лигата.

“Сопственикот и управата на клубот сакаат да му се заблагодарат на Анчелоти за неговиот допринос, од кога го превзема клубот во јули 2009. година, водејќи го клубот до првата двојна круна во историјата. Сепак, резултатите сезонава се под очекувањата и во клубот веруваме дека право време е да се направат промени за подготвени да ја дочекаме следната сезона. Карло секогаш ќе биде добредојден на ‘Стемфорд Бриџ’.” – се вели во соопштението на официјалниот веб сајт на Челзи.

Гус Хидинк и Андре Виљаш Боаш се споемнуваат како главни кандидати за наследник на Анчелоти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma