Кога би биле запрашани каде се наоѓа овој објект, сигурно првата асоцијација би ве водела во Франција, но не би биле 100% сигурни… Запрашани пак кој живее во истиот, од старт би го избришале Луј XIV (Кралот Сонце) и со смеење би ги усмериле мислите кон особа просторно многу блиска до вас, што значи Франција ја елиминирате и сега сте 100% сигурни!
Сега следи изненадувањето – не се работи за објект, живеалиште во Македонија! Овде живее Роберт Мугабе, претседателот на Зимбабве (Африка), човек со строга рака, а уште построго, диктаторско управување.
…а ова се карактеристичните живеалишта на народот со кој тој управува!